ДАЛИ “СУЛТАНОТ“ НАЈАВИ АКЦИЈА НА ТУРЦИЈА !? Реџеп Таип Ердоган: “Нема да молчиме, Израел врши тероризам“

„Акциите на Израел во Појасот Газа се државен тероризам и Турција не може да молчи“, изјави денес претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

По враќањето од Обединетите Арапски Емирати по учеството на самитот COP 28, Реџеп Таип Ердоган во изјава за новинарите додаде дека – „израелските функционери, кои се познати како жртви на геноцид, сега се претворија во убијци на нивните предци“.

Тој додаде дека не губи надеж за траен мир во конфликтот и дека Хамас, милитантната организација што владее со Појасот Газа, не може да биде исклучен од тоа каква ќе биде иднината на палестинската енклава, пренесува медиумската агенција Reuters.

Реџеп Таип Ердоган вели дека шансата за мир во Појасот Газа по хуманитарната пауза засега е пропуштена поради бескомпромисниот пристап на Израел, објави денес турската телевизија NTV.