ДАЛИ ТЕСЛА Е НАВИСТИНА ПОДОБАР ОД ПОРШЕ? Ги ставија двата болида на тест и еве како поминаа, РЕЗУЛТАТИТЕ се МНОГУ интересни

Голем интерес привлече најновиот тест на еден од најбрзите автомобили на денешницата, „Tesla Model S Plaid“.

Без сомнение, станува збор за фасцинантен суперспортски седан со неверојатно забрзување, но и извонредна „динамика на возење“.

Илустрација

Тоа го потврдуваат и тестовите за возење во слалом каде Тесла постигна едно од најдобрите времиња, но сепак не подобро од Порше.

Тесла беше уште поубедлив на тестот за избегнување лос, кој го положи со многу добри бои.

Забележана е влезна брзина од дури 82 km/h, среден премин од 70 km/h и излезна брзина од 46 km/h. Севкупно, тоа е подобар резултат од моделот „Porsche Taycan GTS“, кој според динамиката на возење може да се спореди со варијантата „Turbo S“, а со тоа и со Tesla во „Plaid“ варијантата.

Мала сенка на резултатот во однос на споредбата со „Порше“ фрла фактот што „Тесла“ имаше регенеративно сопирање, па при маневарот имаше поагресивно забавување.

Дури по снимањето беше забележано дека регенеративното сопирање може да се исклучи кога возилото е во режим „Track“. Затоа „Порше“ при излегувањето од маневарот и покрај помалата влезна брзина одржуваше поголема брзина од 51 км/ч во однос на 46 км/ч на Тесла.

Исто така, на тестот што го спроведе шпанскиот портал посветен на автомобилизмот, „km77“, Tesla за време на тестот ги имаше пневматиците на Michelin „Pilot Sport 4S“, додека „Taycan GTS“ имаше гуми „Pirelli P Zero“.

Сè на сè, Tesla Model S се покажа како еден од најдобрите автомобили тестирани од тој шпански интернет портал на овој тест.