Скопските таксисти со барање за поскапување на превозот во главниот град.
Бараат почетната цена да биде 60 денари, па да плаќаат 35 денари за секој километар.
Според нив, таксата за чекање треба да биде 480 денари за секој час.
Таксистите своето барање го оправдуваат со поскапување, велат дека има поскапување на горивото, резервните делови и одржувањето.
Според нив, цената за даночните услуги не се менува веќе 11 години.
Доколку се прифатат нивните барања, цените на такси превозот ќе се зголемат за 20%.