“ДА СЕ СПРЕЧИ ПРОШИРУВАЊЕ НА КОНФЛИКТОТ“ – Претседателот на Кина по две недели за првпат зборуваше за војната на Блискиот Исток

Кина сака војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас да заврши што е можно поскоро, кажа кинескиот претседател Си Џингпинг, објавија денес државните медиуми, наведувајќи дека официјален Пекинг е подготвен да работи со арапските Влади на трајно решение на конфликтот.

Ова се првите јавни коментари на кинескиот претседател за војната во Израел откако таа изби пред речиси две недели.

Си Џингпинг порача дека прекинот на огнот е императив, дека ширењето или излегувањето на конфликтот во Израел надвор од контрола треба да се спречи што е можно поскоро, објавија кинеските државни медиуми, пренесува медиумската агенција Reuters.

Си Џингпинг го изјави ова по состанокот со египетскиот премиер Мостафа Мадбули, кој беше единствениот високорангиран делегат од Блискиот Исток што присуствуваше на кинескиот инфраструктурен форум Појас и пат оваа недела.

Кина ги поддржува напорите на Египет да испрати хуманитарна помош во Појасот Газа“, му порача Си Џингпинг на Мостафа Мадбули, пренесоа медиумите.