Многу луѓе се обидуваат да ги намалат салото на стомакот со разни диети и вежби, но честопати забораваат на важноста на хормонот на стрес, кортизол. Кога нивото на кортизол е покачено, телото полесно складира масти во абдоминалната област. За среќа, според разни експерти и лекари, постојат додатоци во исхраната кои можат да помогнат во регулирањето на нивото на кортизол и намалување на салото на стомакот.
Магнезиум
Магнезиумот е минерал кој игра клучна улога во регулирањето на стресот и метаболичкото здравје.
,,Магнезиумот поддржува повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Тој е клучен за регулирање на одговорот на стрес и може да ги намали нивоата на кортизол. Клиничкото искуство покажува дека пациентите кои одржуваат соодветни нивоа на магнезиум пријавуваат подобар сон и помалку стрес, што индиректно помага во намалувањето на абдоминалните масти“, вели д-р Шломо Видер.
Дополнително, магнезиумот ја зголемува чувствителноста на инсулин, што помага во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Подобрата контрола на шеќерот може да го намали акумулирањето на масти, особено во абдоминалната област. Магнезиумот, исто така, влијае на невротрансмитерите како серотонинот, кои промовираат релаксација и помагаат во намалувањето на стресот.
Ашваганда
Ашвагандата е билка позната по своите смирувачки ефекти и способност да го намали нивото на стрес. Редовното земање на овој додаток може да помогне во намалувањето на кортизолот, што ја намалува желбата за прејадување и го олеснува губењето на маснотиите на стомакот.
Освен што го намалува нивото на стрес, ашвагандата помага и за подобар сон и целокупна хормонска рамнотежа во телото. Ова значи дека со редовно консумирање на овој додаток, телото може полесно да одржува здрава телесна тежина и да го намали складирањето на масти.
Значи, воведувањето на магнезиум и ашваганда во вашата дневна рутина може да биде корисен чекор за оние кои сакаат да го намалат стресот, да ги намалат нивоата на кортизол и да го олеснат губењето на маснотиите на стомакот.