Две години казна затвор доби медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ, во случајот со кражба, односно изнесување на цитостатици.
Таа во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство, објави Слободен печат.
Сепак таа е во бегство уште пред да почне судењето. Во придружба на друго лице со автомобил била забележана на граничниот премин Табановце. Не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.
Пресудата е правосилна. Обвинителството барало повисока затворска казна, но Апелација не го уважила таквото барање.
Истовремено отворена е поголема истрага за злоупотреба на биолошката терапија на Клиниката, а каде што Јавното Обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.