Делегација на СДСМ оддаде почит на гробот на великанот Гоце Делчев

Делегација на СДСМ во состав Вангел Андрески организационен секретар на СДСМ, Рената Јајоска, членка на ИО на СДСМ и Радица Андоноска од СДММ положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на македонскиот великан Гоце Делчев во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.

И по 120 години од неговата смрт, делата на херојот и револуционер Делчев остануваат трајни вредности во македонската државност и мотив за еднаквост и слобода на сите сегашни и идни генерации.

Нека е вечен споменот на херојот Гоце Делчев.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.