Точната и урамнотежена исхрана влијае на целокупното здравје, вклучувајќи го и здравјето на очите. Јадењето одредена храна може да ви помогне да ги одржите вашите очи здрави, а оптометристот Франческа Маркети издвои неколку од најдобрите опции во кои можеме да уживаме. Овие намирници не само што се здрави, туку и многу вкусни, па нивното вклучување во исхраната не би требало да претставува проблем.
Оптометристот истакнува дека луѓето јадат храна богата со хранливи материи: омега-3 докосахексаеноична киселина (DHA), витамин Б2, лутеин и зеаксантин, пренесува Express.
Тој објаснува дека: ,,DHA се наоѓа конкретно во клетките чувствителни на светлина на мрежницата и сочинува до 93 проценти од омега-3 мастите во мрежницата. Ретината е целосно зависна од диететски извор на DHA, бидејќи телото не може да произведе соодветни количини“.
Која храна почесто да ја јадете за здравјето на очите?
Маркети издвои десет намирници кои треба почесто да се внесуваат во исхраната за здравје на очите. Нејзината листа вклучува лосос, сардина, скуша, млечни производи, јајца, кељ, спанаќ, портокалови пиперки, слатка пченка и посно месо.
Доколку сакате да обезбедите доволно DHA во исхраната, оптометристот ве советува да јадете многу масни риби, како лосос, сардина и скуша, кои ги издвоила во списокот на храна.
„Треба да јадеме мрсна риба најмалку еднаш неделно за да ја добиеме препорачаната количина на омега-3 DHA и да го поддржиме здравјето на очите“, истакнува таа.
,,Кога станува збор за витаминот Б2, тој „го поддржува здравјето на очите помагајќи да се одржи нормалниот вид. Овој витамин го има во млечните производи, јајцата, посното месо и лососот“, објаснува Маркети.
Понатаму, објаснува дека има и „три каротеноиди – лутеин, зеаксантин и мезо-зеаксантин – кои се наоѓаат во задниот дел на окото, во макулата, каде што го формираат жолтиот макуларен пигмент“.
Ги има во овошјето и зеленчукот, а треба да се јадат што почесто во различни комбинации. Како еден од вкусните оброци кои ќе го поддржат здравјето на очите, Маркети препорачува да направите комбинација од зеленчук и риба.