Децата на Кристијано Роналдо биле физички нападнати на училиште !? Георгина ги открива шокантните детали: “Си доаѓаат од училиште плачејќи…“
Фудбалската мега-ѕвезда, Кристијано Роналдо и неговото семејство се уште се навикнуваат на новиот ѓивот во Саудиска Арабија, а партнерката на Португалецот, Георгина Родригез откри некои детали за нивниот заеднички живот.
Таа открила дека нивните деца имаат големи проблеми на училиште.
Георгина за шпанските таблоиди изјавила дека се работи за физичко насилство врз нивните деца кое го добивале за време на училиште.
„Има моменти на училиште кога децата ги удираат, а тие не се бранат“, открила Георгина за таблоидите.
Таа потоа ја објаснила ситуацијата што се случила неодамна:
„Пред некој ден, едно од моите деца дојде дома и почна да плаче. Прашав што се случи и добив одговор: Ме удри дете, а јас му реков: Зарем ти не знаеш да се одбраниш“.