Децата на Роберт де Ниро се уште ја немаат запознаено неговата ново-родена ќерка !? Актерот го доби 7-то дете, а еве зошто браќата и сестрите се уште не се виделе!
Легендарниот актер Роберт де Ниро (79 г.) неодамна ја шокираше јавноста со тоа што случајно призна дека со Тифани Чен добил седмо дете. Тој сега изјави дека се уште не е време останатите негови деца да ја запознаат нивната ново-родена сестра.
Актерот моментално учествува на филмскиот фестивал Tribeca во Њујорк, а на новинарско прашање дали неговите постари ќерки и синови ја запознале неговата нова ќерка Џиа Викторија, тој рекол дека се уште не е вистинското време за тоа.
„Се уште не, но ќе се сретнат со неа, го чекаме вистинскиот момент, нè има многу, па не е лесно да се собереме сите на едно место во исто време“, рекол тој, објави Daily Mail.
Џиа Викторија е родена на почетокот на април, а актерот дури минатиот месец откри дека таа пристигнала на овој свет.
Да потсетиме, во едно интервју беше прашан како е да се биде татко на шест деца, на што ги поправи водителките и кажа дека има седум деца.
Инаку, актерот исто така откри дека бременоста била планирана.
„Бременоста беше планирана. Како не можеш да планираш такво нешто ?“, објаснил Роберт де Ниро на премиерата на филмот „For my father“.
Покрај ќерката Џиа Викторија, Роберт де Ниро ги има и ќерката Дрена (51 г.), синот Рафаел (46 г.), близнаците Арон и Џулијан (27 г.), синот Елиот (25 г.) и ќерката Хелен (11 г.).