ДЗР во 2024 година планира да спроведе 73 ревизии

 Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година планира да изврши 73 ревизии од кои 61 за регуларност, 11 за успешност и една за усогласеност.

Како што се наведува во Годишната програма на ДЗР за 2024 година што е објавена денеска, четири од вкупно предвидените 73 ревизии треба да се вршат еднаш годишно според Законот за државна ревизија, 23 се согласно барања доставени од засегнати страни, а 46 се предложени од ДЗР. 

Од планираните ревизии за 2024 година, најмалку псум за успешност и три за регуларност, ќе бидат спроведени во соработка со меѓународни организации.

Целосната Годишна програма на ДЗР за 2024 година може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2023-12/Godisna_programa_rabota_DZR_2024.pdf