ДИЕТА СО ЛИМОН ЗА КОЈА ПОЛУДЕА СИТЕ: За две недели ќе изгубите дури 14 килограми

Како функционира оваа диета?

Сезоната на нови одлуки и потрага по идеалниот начин на исхрана, кој ќе ја доведе вашата линија до совршенство, веќе започна.

Дали сте пробале со кралицата на детоксикацијата, познатата како диета-лимон ?

Диетата е наменета да се одржува две недели, по што ќе изгубите и до 14 килограми, како што тврдат љубителите на оваа диета, но повторно ова не е утврдена бројка.

Диетата стана многу популарна кога светот откри дека и самата Бијонсе ја користи. Меѓутоа, кога станува збор за консумирање цитрус, не треба да се претера и да се внимава.

Како функционира оваа диета?

Диетата за детоксикација со лимон се практикува 14 дена, односно две недели. Секој ден пијте одредена количина лимон исцеден во топла вода.

Седмиот ден му давате на телото да здивне и потоа пиете само три чаши наместо гореспоменатите седум.

Лимонадата се пие во текот на денот, но особено е важно да се пие пред секој оброк. Најдобро би било да почекате малку откако ќе го испиете, наместо да седнете да јадете веднаш откако ќе го испиете.

Како изгледа програмата на диетата ?

Прв ден: еден лимон и една чаша вода

Втор ден: два лимони и две чаши вода

Трет ден: три лимони и три чаши вода

Четврти ден: четири лимони и четири чаши вода

Петти ден: пет лимони и пет чаши вода

Шести ден: шест лимони и шест чаши вода

Седми ден (пресек): три лимони и три чаши вода

Осми ден: шест лимони и шест чаши вода

Деветти ден: пет лимони и пет чаши вода

Десетти ден: четири лимони и четири чаши вода

Единаесетти ден: три лимони и три чаши вода

Дванаесетти ден: два лимона и две чаши вода

Тринаесетти ден: еден лимон и една чаша вода

Четиринаесетти ден: три лимони и три чаши вода.

Важно е дневниот внес на течности да не се сведе целосно на лимонади, бидејќи вашето тело ќе бара обична вода. Затоа слушајте го вашето тело кога ви кажува што му треба.

Заедно со описот на диетата, важно е да знаете дека може да доведе до проблеми како што се киселина во желудникот, стомачни проблеми и болки. Бидете внимателни со оваа диета, особено ако имате проблеми со срцето или дијабетес.

Од друга страна, вашето тело ќе се исчисти, а сигурно ќе се збогувате со килограмите. Диетата не ја применувајте често, а кога ја применувате, обидете се да истраете до крајот на програмата, препорачува „Jolie.de“.