Димитар Ковачевски: “Сега е време да покажеме заедништво, државнички став и дека нашето место е во Европската унија“

И благодарам на словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар за охрабрувачките тонови и силни пораки во нејзиното денешно обраќање пред пратениците“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Во овие пресудни мигови во нашата историја, навистина многу значат нејзините зборови на поддршка на нашиот европски пат и пораката дека мора да се забрза со евроинтеграцискиот процес бидејќи сега е вистинскиот момент.
Сега е време да покажеме заедништво, да покажеме државнички став и да покажеме дека нашето место е во Европската Унија
“, објави Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук.