Директорот на ЦУК Ангелов со излагање на обуката за скијачко слободно движење низ снег на безбеден начин

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, имаше излагање за можностите на единствениот број за итни случаи 112 и ЦУК, на специјализирана обука за управување со ризици и стандардни оперативни процедури што се одржа денеска на Шар Планина.

Како што известуваат од ЦУК, Ангелов се осврнал за можностите што ги нуди 112 за барање и спасување, прва помош, транспорт на жртви, како и за новитетите на овој простор, согласно стандардните оперативни процедури во Системот за управување со кризи. Покрај него со свои излагања зедоа учество и организаторот Костантин Циривири од Центарот за образование и научно истражување „Планинска Академија“ под раководство и директорот Ибрахим Дехари на ЈУНП Шар Планина.

– Обука е насочена кон стекнување вештини за водење туристи и менаџмент со „фри рајд“ операции, со ратрак (возило што се движи врз снег), со цел истата да се изведува на безбеден начин според највисоките стандарди, како и според најстрогите стандарди за зачувување на животната средина, со крајна цел создавање туристички атрактивна дестинација, а по принципот на „слободно движење“ во природата кога има снег. Инаку, „фри рајд“ со ратрак (возило што се движи врз снег) на ниво на Евроазија за првпат е развиен во Западен Балкан и е оценета оваа активност меѓу петте најдобри зимски авантури во светот, информираат од ЦУК.

Центарот за образование и научно истражување, Планинска Академија под раководство на Костантин Циривири ја изведува обуката со негов персонал во неколку групи на операторот за „фри рајд“ скијање „Ескимо Спорт“ од Тетово.

– Ова е завршна фаза од обуката со првата група во чијшто состав има врвни професионалци во скииспортовите и екстремните активности, меѓу кои и Ненад Пешут првиот и неколкукратен светски првак во „Бејзџампинг“ и хрватски репрезентативец во „Падобранско скијање“ со учество на неколку олимпијади, како и Санда Јелачиќ, од Хрватска „сноу борд“ репрезентативка. Целиот настан е поддржан и од Томислав Тишка, сопственик на компанијата „Ескимо Фрирајд“, којшто е и над 12 години директор и на Хрватскиот скијачки сојуз и натпреварувач во „сноуборд“ светски куп, а и иноватор – конкретно тој е пионер на „фри рајд“ скијањето во Европа и Азија, соопштија од ЦУК.

Обуките се почнати од април 2022 година и се изведуваат неколку пати годишно со теоретски и практичен дел.