Додека една од НАЈУБАВИТЕ манекенки поминуваше покрај Бекамови, Дејвид направи ЧУДЕН потег (ФОТОГРАФИИ)
Викторија и Дејвид Бекам беа меѓу најзабележителните гости на ревијата на Жакемус во Париз. Ревијата ја следеа од бродот како и останатите гости. А многумина забележаа необичен момент кога покрај нив помина Џиџи Хадид, која беше една од манекенките.
Случајно или не, Дејвид Бекам, кој ги фотографираше другите модели на ревијата на Жакемус , го спушти телефонот додека Џиџи Хади минуваше. И Викторија Бекам со камера ја снимила прошетката на манекенката по пистата.
Некои потсетија дека Дејвид беше цел на скандал во 2018 година, откако изгледаше маѓепсано од Бела Хадид , сестрата на Џиџи Хадид, во Париз. Тој ја запозна Бела еден месец подоцна во Токио, каде седеа еден до друг на модна ревија. Бекам и пред тоа беше „фатен“ како љубопитно гледа во девојките околу него, па оттаму и коментарите дека Викторија му забранила да се фотографира со Џиџи.