ДОДЕКА ОЧИТЕ НА СВЕТОТ СЕ НАСОЧЕНИ КОН БЛИСКИОТ ИСТОК, НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ЕВРОПА – Русија уништи клучен гасовод за Скандинавија !?
Оштетен е подводниот гасовод што ги поврзува Финска и Естонија, пишува весникот The Washington Post, а финските власти веруваат дека тоа е саботажа, а не случајност.
Гасоводот „Balticonnector“ испраќа гас во двете насоки и е исклучен од неделата поради невообичаен пад на притисокот. Првично се мислело дека станува збор за едноставен проблем, но набрзо било утврдено дека станува збор за штета.
„Оштетувањето на гасоводот и комуникацискиот кабел е резултат на надворешна активност. Причината за штетата не е позната, истрагата продолжува во соработка со Финска и Естонија“, изјави претседателот на Финска, Саули Ниинисто и додаде дека денес имал разговор со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој кажал дека Алијансата ќе помогне во истрагата.
„Balticonnector“ е долг 77 километри и беше затворен поради пад на притисокот и истекување на гас. Поправката наводно ќе трае неколку месеци, а финските медиуми пишуваат дека за оштетувањата на гасоводот наводно е одговорна Русија.
Додека планетата внимателно ја следи војната во Израел, европските земји оправдано се плашат од овој гасовод поради ситуацијата во септември 2022 година, кога гасоводот „Северен тек“ беше оштетен по експлозија. Истрагата се уште е во тек, официјално не се знае кој стои зад неа, иако меѓусебно се обвинуваа Руската Федерација од една и Соединетите Американски Држави и Европската унија од друга.