Додик открива што му рекол претседателот на Русија: „Добив охрабрувачки одговор!“

Претседателот на Република Српска се сретна со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Додик рече дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин повеќе од еден час, пренесе РТРС.

– Разговаравме на различни теми. Имав можност да го запознаам Путин со декадентното однесување на Западот во однос на човек кој не е легално избран за висок претставник – изјави Додик.

Тој рече дека со Путин разговарал и за тоа како Русија ќе се однесува во однос на можноста овој неизбран висок претставник да и наметне одредени решенија на Српска, вклучително и во однос на имотот.

– Реков дека тоа е ѕид за нас. Има два начина – едниот е да исчезнеме и да престанеме да постоиме, а другиот е да ја зачуваме нашата независност. Морам да кажам дека одговорот што го добив е навистина охрабрувачки. Путин ја разбира ситуацијата и Српска нема да биде оставена сама – нагласи Додик.

Русија е гарант на Дејтонскиот договор и таа отсекогаш го слушала нашиот глас и јасно зборувала за злоупотребите направени од високи претставници во континуитет, нагласи Додик.