Доколку ги забележите овие промени во устата, веднаш посетете го вашиот лекар – тие би можеле да бидат симптом на рак
Експертите предупредуваат дека одреден проблем во усната шуплина, ако трае подолго од три недели, не треба да се игнорира и најдобро е да се консултирате со лекар.
„Афтите се многу чести и ретко се знак за нешто сериозно, но перзистентните рани кои не исчезнуваат во рок од три недели треба да се проверат. Ова може да го направи лекар или стоматолог“, објаснува онкологот д-р Јиржи Кубес за Дејли експрес.
Тој додава дека грутките во устата и вратот кои не исчезнуваат, болката, тешкотиите при голтање, необјаснето губење на тежината, засипнатоста и црвените или белите дамки во устата се исто така можни знаци на рак на усната шуплина.
Д-р Кубес советува редовен преглед на усната шуплина:
„Внатрешноста на устата треба да изгледа розова и здрава. Погледнете го јазикот, усните и обрнете внимание на грутки или промена на бојата. Овие симптоми може да имаат и други причини, но секогаш е најдобро да се провери“, вели тој, а особено ги предупредува пушачите бидејќи тие се изложени на поголем ризик.
Само во Велика Британија, минатата година биле дијагностицирани повеќе од 10.800 случаи на рак на усната шуплина, од кои 3.637 лица починале. Третманот може да вклучува хирургија, хемотерапија и радиотерапија, заклучи д-р Кубес.