Докторот предупредува: На повеќето луѓе им недостасуваат овие пет витамини

Ако не јадеме совршено урамнотежена исхрана и строго се придржуваме до неа, голема е веројатноста дека порано или подоцна ќе имаме недостаток на некоја форма на витамини или минерали.

Витамин Ц

„Витаминот Ц учествува во синтезата на колаген, антиоксидантната заштита и имунолошката функција, ја подобрува апсорпцијата на железо и ја поддржува митохондријалната функција“, објаснува др. Хајман за Вог. Се препорачува да се консумираат до 1.000 mg витамин Ц дневно со помош на храна како портокали, лимони, бобинки, пиперки и брокула.

Витамин Д

Особено е тешко да се избегне недостаток на витамин Д, особено помеѓу септември и април, кога сончевата светлина не е толку достапна.

„Одржувањето на здрави нивоа е важно бидејќи витаминот Д овозможува апсорпција на калциум, раст и јачина на коските и имунолошка функција, а студиите го поврзуваат неговиот недостаток со сезонски афективни нарушувања и депресија“, истакнува докторот.

Најдобар начин да се обезбеди доволно ниво на витамин Д е изложувањето на сончева светлина, а масните риби, збогатените млечни производи, печурките и јајцата исто така го содржат, иако е тешко да се добие само од исхраната. Затоа суплементацијата е клучна, вели д-р Хајман. Националната здравствена служба (NHS) препорачува 600 IU дневно, но повеќето експерти препорачуваат значително повеќе. д-р. Хајман советува внесување од 5.000 IU дневно.

Витамин Б12

Луѓето кои не јадат месо се склони кон недостаток на витамин Б12. Б12 е важен за здравјето на нервното ткиво, функцијата на мозокот и производството на црвени крвни зрнца.

„Исто така, ја поддржува синтезата на ДНК и помага во спречување на анемија. Одлични извори вклучуваат риба, месо, живина, млечни производи и јајца“, вели докторот, препорачувајќи 1.000 микрограми метилкобаламин (активна форма на Б12 што може да се надополнува) дневно.

Витамин Б9

Зелен лиснат зеленчук, мешунки, аспарагус, цвекло, портокали и други агруми се богати со витамин Б9, познат и како фолна киселина. Тој е клучен за синтезата и поправката на ДНК, клеточната делба и формирањето на црвените крвни зрнца и игра важна улога во здравјето на мозокот и менталната благосостојба. Д-р Хајман препорачува 400 микрограми дневно.

Витамин Б3

„Витаминот Б3, познат и како ниацин, е вклучен во поправка на ДНК, реакции на стрес и метаболички процеси. Помага во претворањето на хранливите материи во енергија и придонесува за регулација на холестеролот“, објаснува д-р Хајман. Ја поддржува и функцијата на нервниот систем и ни помага да се чувствуваме енергично и добро. Затоа треба да јадеме живина, риба, посно месо и цели зрна.