Доналд Таск и Кирјакос Мицотакис на вечера кај Вучиќ!

Полскиот премиер Доналд Туск и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вечерва ќе бидат гости на вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Дипломатската офанзива на Белград продолжува, па по шеикот Мохамед, претседателот Ердоган и кралот Есватини, во Белград пристигнуваат и овие двајца светски претставници, дознава Блиц. 

Премиерите на Полска и Грција ќе присуствуваат на заедничка вечера со претседателот Вучиќ, а Туск утре ќе ја продолжи официјалната посета на Србија.