ДОНАЛД ТРАМП НАСИЛНО ЈА НАПАДНА МЕГАН МАРКЛ – Сака да разговара со неа лице в лице, а еве што најмногу тој и замерува на војвотката од Сасекс
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, меѓу другото, ја спомна Меган Маркл за време на неговото гостување во „The Hugh Hewitt Show“ и кажа дека сака да разговара со неа.
„Не ми се допадна начинот на кој таа се однесуваше со кралицата. Со неа се однесуваа со големо непочитување и тоа не ми се допадна“, рекол Доналд Трамп.
Тој додал дека воопшто не се согласува со она што го прават принцот Хари и Меган Маркл, веројатно мислејќи на нивните тврдења за кралското семејство направени во мемоарите на принцот Хари и документарецот „Хари и Меган“.
„Мислам дека тоа не е добра ситуација за нив двајца, но не знаев дека не ме сакаат. Некој спомна дека можеби е можно. Тие нема да бидат единствените“, рекол тој.
На прашањето дали ќе седне со војводата и војвотката од Сасекс, Доналдт Трамп му предложил на домаќинот на шоуто да ги повика во негово присуство.
„Ајде да направиме нешто. Би сакал да разговарам за тоа со неа“, нагласил Доналд Трамп.
Поранешниот американски претседател го опиша својот однос со покојната кралица Елизабета II како „многу пријателски“.
„Таа беше неверојатна жена, беше толку остра и 100% во право. Кога ќе го погледнете Џо Бајден, ви се чини дека доаѓа од друга планета“, заклучил тој.