Трите најголеми полски опозициски партии се договорија за коалиција која ќе ја замени партијата Правда и Права на власт, а нов премиер треба да биде Доналд Туск, пишува „Политико“.
„Денеска заедно со лидерите на демократските партии ја потврдивме нашата подготвеност за целосна соработка и формирање ново мнозинство во парламентот“, изјави претседателот на Граѓанската коалиција, Доналд Туск, поранешен премиер на Полска и поранешен претседател на Европскиот совет.
Новата коалиција побарала мандат од претседателот Анджеј Дуда, додава порталот.
Коалицијата предводена од Туск, заедно со партијата Трето место и Левица, има 248 од 460 пратеници во Долниот дом на Парламентот.
На изборите на 15 октомври партијата Правда и Права освои најмногу гласови и има 194 пратеници, но во моментов не е јасно со кого би можела да обезбеди мнозинство од 231 пратеник.