Доста со голи гради, занесната убавица мораше да стане попристојна

Хајди Клум се врати во Лос Анџелес за да продолжи со снимањето на America’s Got Talent.

Познатата Германка пред неколку дена објави неколку топлес фотографии и на тој начин покажа колку ужива во летниот одмор, но и во друштво на својот сопруг Том Каулиќ.

Нејзините објави оставија без здив многумина, особено припадниците на машката популација кои уживаа во сцените.

Но, како што велат, сè убаво е краткотрајно, а Хејди морала да се врати на својата деловна рутина.

Таа од топлес скокна во златен корсет-фустан, а потоа прошета на црвениот тепих во Лос Анџелес. Познатата манекенка, која е член на жирито на горенаведеното шоу, покажа завидна фигура и долги нозе, но и насмевка на лицето.

Судејќи по фотографиите, на Хајди и е мило што се вратила на деловните обврски.