ДОЈАВИ ЗА БОМБИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО БЕЛГРАД Контрадиверзантски екипи на терен во училишта, факултети и болници
Утринава до голем број образовни и здравствени установи во Белград дојава за поставена бомба.
Имаше информации дека се работи за бомба во Основното училиште „Војвода Путник“, но и на Правниот факултет, и во Градската болница.
Контрадиверзантските екипи се на терен, а испратени се пораки до родителите во селското училиште да не ги носат децата денеска .
Се очекува полицијата да провери се и да утврди дали се работи за лажна пријава.