ДПИ: Почитувајте ја одлуката на Владата за цените на училишниот материјал, од утре инспекторите излегуваат на терен
Пазарните инспектори од четврток на терен. Трговците вклучени во владината одлука за училишен прибор дефинитивно треба да ги усогласат цените на производите.
Доколку се утврди прекршување на одлуката на Владата ќе бидат казнети со парична казна од 800 до 10 илјади евра, информираат од Инспекторатот.
Од таму додаваат дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво за контрола на цените утврдени со решение, но нема овластување ниту да постапува ниту да влијае врз формирањето на цените во трговијата на големо и мало.
„Апелираме да се почитува одлуката, апелирам и до граѓаните доколку забележат некакви неправилности веднаш да го известат Пазарниот инспекторат. Може да поднесете пријава до Пазарниот инспекторат на број 191 или www.dpi.gov.mk“, изјавија од ДПИ.
Според граѓаните, одлуката е добра, но можеби ќе биде малку доцна. Мерката ќе трае до 20 октомври.