ДПС ја прифати оставката на Ѓукановиќ, за в.д. претседател на партијата е назначен Данијел Живковиќ

 – Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) денеска ја прифати оставката на претседателот Мило Ѓукановиќ од лидерската позиција во партијата, а за в.д. претседател е назначен Данијел Живковиќ, пишува подгорички „Вијести“.

Одлуката е донесена на седница на Управниот одбор во Подгорица.

Претходно беше најавено дека освен оставката на Ѓукановиќ, теми на седницата ќе бидат и вонредните парламентарни избори закажани за 11 јуни, како и подготовката на непосредни избори за лидер на ДПС.

Ѓукановиќ вчера поднесе оставка од лидерската позиција во ДПС, откако на 2 април ги загуби претседателските избори од неговиот противкандидат Јаков Милатовиќ. Ѓукановиќ беше на чело на ДПС од 1998 година.