ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА – Опсадна состојба на аеродромот во Хамбург: “Сите летови се прекинати, се закануваат со напад од ирански авион!“
Сите летови на аеродромот во Хамбург беа прекинати во понеделникот поради закана од напад на авион кој пристигнувал од Техеран, соопшти портпаролката на аеродромот, пренесуваат германските медиуми.
Сите 198 патници и 16 членови на екипажот го напуштиле авионот и биле подложени на безбедносна проверка во посебен простор, соопшти полицијата, а авионот и багажот се претресуваат.
„Авионите не полетуваат и не слетуваат на аеродромот од 12:40 часот“, изјави портпаролката на аеродромот.
Сомнителниот авион слетал во Хамбург во 12:20 часот по локално време.
Полицијата добила е-пошта со закана дека ќе го нападне тој лет, соопштија властите, додавајќи дека заканата е сфатена сериозно.
Дополнителни детали од германските власти и полиција засега не се објавени.