ДРАМА ВО МИНСК! Александар Лукашенко итно завршил во болница, полицијата ги блокирала сите улиците: “Изгледаше многу уморно и…“
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, бил итно примен во болница во Минск, објавија денес тамошните медиуми.
Како што пишуваат белоруските медиуми, колоната која вообичаено го следи Александар Лукашенко пристигнала во болницата околу 19 часот претходниот ден. За тоа време приодот до болницата бил затворен, а сите околни улици биле под надзор од вооружени чувари.
Александар Лукашенко последен пат се појави во јавноста на 9. мај, кога заедно со рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на парадата за „Денот на победата“ во Москва, пишува Yahoo.
Тогаш сите коментираа дека претседателот на Белорусија изгледа прилично слабо. За разлика од другите функционери кои присуствуваа на прославата, Александар Лукашенко морал да оди по посебна рута за време на неговиот престој во Москва, а поради слабост го пропуштил дури и официјалниот ручек со Владимир Путин.
Медиумската агенција Reuters објави дека Александар Лукашенко изгледал „уморен и нервозно чукал со нозете“, како и дека „десната рака му била видно преврзана и генерално се чини дека не е добро“.
Подоцна истиот ден, Александар Лукашенко присуствуваше на прославите на „Денот на победата“ во Минск. Но, тој ја прекина традицијата и наместо воена униформа облече одело и не одржа говор, а во последните две недели присуствуваше на многу малку настани.