ДРАМА ВО НЕБОТО – Група патници се степале за време на лет а на пилотот му се слошило! Авионот итно слетал, а ‘насилниците’ биле веднаш уапсени и депортирани

Пилот на авио-компанијата „Easy Jet“ бил принуден принудно да слета откако за време на летот избила голема тепачка во која учествувале десетина „проблематични патници“.

Инцидентот се случил претходниот ден на летот EZI19VZ, кој патувал од Ливерпул за Тенерифе. По слетувањето, полицајци се качиле во авионот и ги привеле осомничените за инцидентот. Поединци поради ова ќе бидат депортирани назад во Велика Британија на следниот достапен лет, пишува Daily Mail.

Тепачката се случила за време на жестока дебата за туризмот на Канарските острови, откако претседателот на Ланзароте изјави дека островот е презаситен со британски туристи и наместо тоа сака повеќе „поквалитетни гости“ од континентална Европа.

Поради масовната тепачка екипажот побарал присуство на полиција и итно слетување. Шпанските контролори на летање подоцна го потврдија инцидентот. Полицајците се качиле во авионот при слетувањето и ги привеле непослушните патници, објави Canary Weekly.

Претходно оваа недела се дозна дека пијан патник го принудил пилотот на летот од Глазгов до Тенерифе да изврши принудно слетување во Португалија.

Авио-компанијата соопшти дека му забранува на 55-годишниот Британец да лета доживотно, обвинувајќи го дека е агресивен, пиел алкохол, заплашувал други патници и уринирал во кабината.

Поради него, туристите морале да чекаат до утрото додека авионот бил исчистен пред нивниот лет за Тенерифе следниот ден.

Летот на авио-компанијата „Easy Jet“ со 100 луѓе, кој патувал од Лондон до Мароко, морал да слета непланирано во Фаро, Алгарве, во петокот, откако на пилотот му се слошило.