Дурмиши: 10.000 евра за млади до 29 години кои сакаат да отворат бизнис

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека владата издвоила околу 40 милиони евра за мерки за вработување.

Тој нагласи дека оперативниот план ќе опфати 16.506 лица. Министерот додаде дека мерката за самовработување е проширена со две, како што нагласи, нови подмерки.

„Мерка за поддршка на самовработување која се однесува на невработени лица, со минимум основно образование, за започнување сопствен бизнис. Износот на финансиската поддршка е 7.000 евра, неповратни средства за започнување бизнис, што е за 1.000 евра повеќе од претходната година.“

„Иновацијата оваа година е што кај мерките за самовработување за невработени млади лица, до 29 години, износот на финансиската поддршка достигнува 10.000 евра неповратни средства за основање бизнис“, рече меѓу другото Дурмиши.