Јелена Карлеуша минатата недела ја разбранува јавноста кога излезе „Алфа“ и предизвика бурни реакции кај публиката. Големо изненадување за сите беше најавата за уште еден албум наречен „Омега“, кој се планира да излезе кон крајот на август.
Деновите на славење не завршуваат тука за ЈК, таа синоќа со семејството и блиските пријатели го прослави својот 45 роденден во својата луксузна вила на Дедиње.
Изгледа дека вонземската манија не престанува, па нејзиниот стајлинг бил во склад со темата, но и останатиот дел од декорацијата.
На роденденската забава присуствуваа најблиските, а овојпат отсуствуваше и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ. Иако не е толку активен на социјалните мрежи, средбата со овој фолк џин не можеше да не ја сподели со своите следбеници.
– Она кога случајно ќе налетате на драги луѓе! – напиша Драгана Мирковиќ во објава која Душко ја реобјави на својот профил.
Да потсетиме, Јелена минатото лето објави дека се разведува од Душко.
– Јас и Душко се договоривме заемно да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничко-правните прашања ќе се решаваат со договор во наредниот период. Целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене.
Тошиќ тогаш не ја коментираше оваа објава, а останаа во брак и после се. Како што објасни Јелена во емисијата „Први ред“ на крајот на годината, сакала да го „казни“ сопругот со објавување на разводот откако тој ја налутил.
-Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и сеуште живееме во иста куќа. Врските се специфични, не знам како да се изразам без пак да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене – изјавила пејачката.