Еве како Немања ја изненади г-ѓа Гудељ за Денот на вљубените! Анастасија воодушевена: Го имам најдобриот сопруг!

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ на Денот на вљубените доби прекрасен подарок од својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Гудељ бил многу внимателен, па се грижел за секој детаљ за да ја изненади својата сакана сопруга.

Голем букет црвени рози, балони во форма на срца и усни, бонбони и розов шампањ ја чекаа Анастасија на масата.

– Среќен Ден на вљубените, мое бебе! Те сакам засекогаш – напишал Гудељ на честитката, кој се потпишал како Буба, што е прекарот што меѓусебно се викаат.

Анастасија јавно ги сподели своите зборови и рече:

– Го имам најдобриот сопруг на светот! Те сакам – напишала г-ѓа Гудељ.