Еве како правилно се честита Рамазан: Започна светиот месец на постот и ноќните молитви во Исламот! Празникот трае 30 дена, до 9 април!

Рамазан, светиот месец на постот во исламот, започна со зајдисонце и вечерна молитва, поради што муслиманите ќе се воздржуваат од јадење и пиење во следните 30 дена од изгрејсонце до зајдисонце.

Верниците, за кои целта на едномесечниот пост е приближување до Бога, ќе се молат во одредено време, ќе го читаат Куранот и ќе донираат средства во добротворни цели, а членовите на семејството и пријателите ќе се соберат на ноќни молитви и гозби.

Рамазан во 2024 година започна денеска, 11 март и трае 30 дена.

Бајракли џамија, џамија

Рамазан официјално започнува претходната вечер по зајдисонце кога започнува нов ден според исламскиот календар, т.е. во недела 10.3.2024 г. по зајдисонце, а ќе заврши во вторник на 9 април во вечерните часови, пишува порталот Еспресо.

Овој празник се честита со реченицата: „Рамазан шериф мубарек олсун“.