Германија треба да се подготви за војна против Русија во наредните години, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
– Германија треба да се подготви за војна до 2029 година – рече тој.
За да го направи тоа, Берлин мора да внимава на обуката на војниците, на материјалните и финансиските компоненти, додаде тој.
Писториус рече дека руската победа во Украина ќе го чини Берлин повеќе од воена и финансиска помош за вооружените сили на Украина.
– Мора јасно да разбереме: победата на Русија би не чинела повеќе од сегашната поддршка за Украина – рече министерот.
Според Писториус, враќањето на задолжителниот воен рок станува задолжително за земјата.