ЕВЕ КОИ БАРАЊА МОРА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ДАДИЛКАТА НА СИНОТ НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ: „СТРОГИ КРИТЕРИУМИ!

Центарот на светот на пејачката Александра Пријовиќ секако е нејзиниот син Александар.

Наследникот на Пријовиќ во неколку наврати се појавуваше на сцената на концертите на неговата мајка, а нивната вербална и невербална комуникација покажа колку се блиски.

Иако секој слободен момент Александра го поминува со синот, поради бројните обврски неизбежно беше да има и дадилка.

Најчесто го оставаме кај мојата и мајката на Филип, а придружуван е и од жена која се грижи за него и која ја сметаме за член на семејството. Александар стана миленик на нашите семејства, па сите се натпреваруваат кој ќе помине време со него – изјави во една прилика Александра за „Глорија“ откривајќи кои критериуми морала да ги исполнува дадилката на малиот Александар.

– Имавме строги критериуми при изборот на дадилка. Ни беше важно таа да биде грижлива, да ги сака децата и да учествува во неговото воспитување на најдобар можен начин. Најдовме токму таква – изјавила Александра која не сака претерано да споделува фотографии од момчето со јавноста.

Исто така, дадилката на малиот Александар Живојиновиќ има само пофални зборови за Филип и Александра, како што им се доверила на другарките, тие се многу грижливи родители и малиот Александар е опкружен со неизмерна љубов, а мама и тато му ја исполнуваат речиси секоја желба, пренесува „Глорија“.