Едвај го покрива меѓуножјето со четири прста: Лени Кравиц целосно гол во новиот спот

Лени Кравиц по долга пауза се врати со спот, со кој остави малку на имагинацијата на публиката.

Имено, во краток тизер на својот Инстаграм, пејачот и гитарист покажа дел од спотот за песната „TK421“ во кој повеќе открива отколку што покрива.

Во краткото видео, во кое е познат фанки музиката по која е познат, Кравиц се извртува гол во неколку пози, а во едната е целосно гол и едвај го покрива меѓуножјето со прстите.

Во сцената која особено привлече внимание, пејачот позира целосно гол, покажувајќи ги издлабените мускули и топ формата, а со четири прста го покрива гениталниот орган.

Како изгледа тизерот за новиот спот на пејачот и гитарист и дали се работи за претерана или чиста уметност, погледнете во краткиот клип подолу: