Една од најпопуларните туристички дестинации во светот започна да наплаќа влезница: Еве колку ќе треба да платете доколку сакате да уживате на ова рајско место

Почнувајќи од средата (14. февруари), странските туристи мора да платат такса за престој од речиси 10 евра за да влезат во Бали, една од најпопуларните туристички дестинации во светот.

Индонезиските власти велат дека оваа непопуларна мерка е насочена кон заштита на животната средина и културата на островот.

Бали е познат по своите недопрени плажи и бранови за сурфање, како и по прекрасните пејзажи, а официјалните податоци покажуваат дека речиси 4,8 милиони туристи го посетиле Бали од јануари до ноември минатата година.

Оваа регулатива се однесува на странски туристи кои влегуваат во покраината од странство или други делови од земјата, со исклучок на домашните индонезиски туристи. Патниците се охрабруваат да платат пред пристигнувањето, преку веб-страницата Love Bali.

Според провинцискиот завод за статистика, Австралија го има најголемиот придонес со странски туристи на Бали во ноември 2023 година со повеќе од 100.000 пристигнувања. По нив следеа туристи од Индија, Кина и Сингапур.

Но, однесувањето на туристите на Бали во последните години го налути локалното население.

Минатиот март, Русин беше депортиран од Бали откако се соблече на планината Агунг, за која Хиндусите веруваат дека е дом на боговите.

Истиот месец, властите рекоа дека планираат да им забранат на странските туристи да користат мотори, по низата случаи во кои луѓето ги прекршиле сообраќајните закони.