Едношалтерскиот систем на Блаце во функција од сабота

Долго најавуваниот едношалтерски систем на граничниот премин Блаце – Елез Хан со Косово и официјално ќе профункционира од сабота 12 април, потврдиле од Министерството за внатрешни работи.

Системот со една контрола требаше да почне со работа на крајот на март, но поради технички причини беше одложен до средината на април.

За разлика од системот „One Stop Shop“ на Табановце, на овој граничен пункт ќе има само една проверка, поточно граѓаните ќе се проверуваат само еднаш на заедничката точка меѓу двете земји.

На овој премин досега често имаше долги редици, особено за време на викендите, кога се чекаше и до два часа.