Едно лице од Битола се удави во водите на Охридското Езеро

Четириесет и деветгодишен маж од Битола се удави вчера во водите на Охридското Езеро.

Како што информираат од полицијата, на 27 август во 12:55 часот, Секторот за внатрешни работи во Струга добил известување дека В.Т. (49) од Битолско е пронајден мртов во водите на Охридското Езеро.

„Лекар утврдил дека починал како последица на давење. Во меѓувреме, увидна екипа од Струшката полициска станица извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител, телото по обдукцијата е предадено на семејството“, се вели во соопштението на МВР.