Експлозија го потресе Рим! Се урна зграда, неколкумина повредени: Сè уште бевме во кревет кога слушнавме силен удар
Денеска во Рим се случи експлозија, при што се урна зграда во населбата Монтеверде. До несреќата најверојатно дошло од истекување на плин, а под урнатините биле пронајдени неколку повредени лица.
Пожарникарите успеале да ја извлечат жртвата од урнатините, а според она што првично го соопштија спасувачите, немало други лица.
Човекот е извлечен од урнатините жив, но со изгореници. Првично се мислеше дека жртвата е жена, пренесува RAI.
Болничарите го стабилизирале мажот пронајден под урнатините, а потоа бил качен на носилки. Претресот на зградата продолжува со голема претпазливост поради натамошно уривање за да се исклучи можноста под остатоците од зградата да има повеќе луѓе.
Пожарникарите набрзо од урнатините извлекле уште еден маж, 50-годишен, по потекло од Шкотска, кој имал изгореници на 70 отсто од телото. Тој е однесен во болница под црвен код.
Сведок, кој ја слушнал експлозијата, вели дека била гласна и наликувала на „застрашувачки тресок“.
“Сè уште бевме во кревет кога слушнавме силен тресок, мајка ми се исплаши и истрча на терасата. Веднаш сфативме дека не се работи за сообраќајна несреќа или нешто слично, туку за експлозија. Се крена чад и набргу потоа го затворивме патот, полицијата и брзата помош почнаа да пристигнуваат”, изјави еден од сведоците.
На лице место се неколку противпожарни екипи и карабинери.