Ел Сиси по трет пат избран за претседател на Египет

Актуелниот претседател на Египет, Абдел Фатах Ел-Сиси, убедливо победи на претседателските избори, освојувајќи 89,6 отсто од гласовите, соопшти денеска египетската национална изборна комисија.

На тој начин тој го доби третиот последователен шестгодишен мандат.Ел-Сиси првпат победи на изборите во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, освојувајќи 97 отсто од гласовите двата пати, пишува Ројтерс.

Британската агенција додава дека изборите во Египет се одржале во сенка на економската криза во земјата, како и војната во Појасот Газа.