Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вели дека верува оти ќе биде „грешка“ Израел да започне масовна копнена интервенција во Појасот Газа, иако тој претходно го потврди правото на Израел да се брани.
„Франција го признава правото на Израел да се брани. Што се однесува до копнената интервенција, ако е целосно насочена против терористичките групи, тоа е изборот што го има, но ако се работи за масовна операција што би го загрозила цивилното население, тогаш мислам дека би била грешка за Израел“, им порача Емануел Макрон на новинарите во Египет.
Емануел Макрон додаде дека вкупно 31 француски државјанин досега се убиени во нападите на Хамас во Израел кои започнаа на 7. октомври.