Ентони Блинкен следната недела ќе патува во Албанија

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, следната недела ќе ги посети Албанија и Германија, потврди денеска Стејт Департментот.

Како што се наведува, Ентони Блинкен ќе биде во Тирана и Минхен од 14. до 17. февруари.

Секретарот Ентони Блинкен во Тирана ќе ја реафирмира силата на односите на САД со Албанија, клучен партнер за стабилноста на Западен Балкан и силен сојузник за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Во Минхен, тој ќе учествува во Минхенската безбедносна конференција како дел од делегацијата на САД предводена од потпретседателката Камала Харис“, се вели во изјавата на портпаролот на Стејт Департментот, Метју Милер.

Се додава дека Ентони Блинкен ќе оствари билатерални средби на кои ќе ја нагласи американската поддршка за народот на Украина, како и продолжување на разговорите со партнерите за воспоставување траен мир и безбедност на Блискиот Исток.

Тој исто така ќе ја истакне цврстата посветеност на САД на трансатлантската безбедност, се вели во соопштението.