Ердоган го фати Макрон за прст и не го пушта! Смешна сцена го обиколи светот, невидена блискост на двајцата моќни државници (ВИДЕО)
Во петокот, во Тирана се одржа самитот на европската политичка заедница, а покрај редовните политички теми, еден специфичен детаљ привлече исклучително внимание!
Видеото од ракувањето меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон го обиколи светот!
На видеото, турскиот претседател ја зграпчува десната рака на Макрон со левата рака, ја влече, а потоа почнува да го тапка со десната рака.
Потоа францускиот претседател со левата ја зграпчува десната рака на Ердоган одозгора.
Потоа Ердоган со десната рака ги зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон.
Макрон успева да го извлече показалецот од стисокот на Ердоган, но Ердоган го држи средниот прст на Макрон во следните неколку секунди и не го пушта!