Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал Судани со официјална церемонија во главниот град Анкара, јави ТРТ Балкан.
„Ердоган и Ал Судани одржаа средба во Претседателскиот комплекс, по што следуваа состаноци на делегациите и заедничка прес-конференција“, соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција.
Се додава дека лидерите размениле мислења за односите меѓу Турција и Ирак, борбата против тероризмот, обновата на Ирак и заедничките чекори кон подобрување на соработката, особено во областа на трговијата и енергетиката.
Тема на разговор биле регионалните и глобалните прашања.
Се очекува на средбите да бидат потпишани повеќе договори што ќе придонесат за договорна основа на билатералните односи.
Турција силно го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Ирак.