Ерик тен Хаг доби нова работа по срамот кај Јунајтед: Ќе го преземе Баер

Холандскиот фудбалски стручњак Ерик тен Хаг си најде нова работа. Како што објави Фабрицио Романо, тој е на прагот да ја преземе клупата на Баер Леверкузен.

Последната работа на 55-годишниот Тен Хег беше во Манчестер Јунајтед, каде што не се прослави.

Тој седеше на клупата на „Црвените ѓаволи“ од 1 јули 2022 година, до 28 октомври минатата година, кога беше отпуштен откако не успеа да го врати клубот на самиот врв на англискиот фудбал.

Сепак, неговата последна работа не влијаела значително на неговиот углед, што е потврдено од информациите добиени од Фабрицо Романо дека Тен Хаг прифатил понуда од Баер да го наследи Чаби Алонсо на тренерската позиција.

Баер му понуди двегодишен договор и официјализирањето на соработката е многу блиску, а Тен Хаг има и план „Б“ во случај клубот од Леверкузен во последен момент да се одлучи за друг тренер.

Имено, Ајакс го сака и на клупата, која тој веќе ја водеше со голем успех од 2017 до 2022 година.