ЕУ нема намера да се отуѓи од Кина, но мора да се заштити во ситуации кога се злоупотребува нејзината отвореност, изјави денеска извршниот потпретседател на ЕУ за економија, Валдис Домбровскис.
ЕУ имаше рекордна билатерална трговија со Кина минатата година, но таа е „многу неурамнотежена“, рече Летонецот во говорот на годишниот Самит Бунд во Шангај, наведувајќи го трговскиот дефицит од речиси 400 милијарди евра.
Домбровскис е во четиридневна посета на Кина, при што сака да постигне порамномерни економски односи меѓу двете страни, пишува агенцијата Ројтерс.
Тој пристигна во Кина откако Европската комисија неодамна објави дека ќе размисли за воведување казнени тарифи за заштита на европските производители од увоз на поевтини кинески електрични автомобили произведени со државни субвенции.
Целта на патувањето е да се обнови дијалогот со Кина по Ковид-19 и во време на растечка недоверба кон ЕУ кон Пекинг поради затоплувањето на односите со Русија.