Жена изела пица, следниот ден умрела на маки! Ужас во Италија: Нејзиниот сопруг се бори за живот, а еве која состојка била фатална
Италијанка почина откако и’ се слоши по вечерата во ресторан. Според првичните информации, жената изела пица во која наводно имало контаминиран чили сос, според извештаите.
Двојката вечерала во јужниот италијански град во саботата вечерта и без никаков проблем се вратиле дома.
Но, следното утро им се слошило и продолжиле да се чувствуваат лошо до вчера, кога биле примени во болница со грчеви.
Џерардина Корсано (46) починала од труење со храна со ботулин – бактерија која произведува опасни токсини, која најверојатно била пронајдена во зачините за чили кои се користеле на нејзината пица во ресторанот, пренесува Corriere della Sera.
Нејзиниот сопруг, 52-годишниот земјоделски претприемач Анџело Менино, е хоспитализиран и е во тешка состојба откако истиот сос бил употребен на неговата пица, пишува италијанскиот весник.
Лекарите велат дека можеби ќе преживее.
Обвинителството во Беневенто отвори истрага за смртта на жената и во следните неколку дена ќе биде извршена обдукција.
Истражната полиција пронашла и зачин од лута пиперка, која ќе биде подложена на анализа, а ќе бидат сослушани и некои сведоци.