ЖЕНА МУ ГО ОТСЕКЛА ПОЛОВИОТ ОРГАН НА СВОЈОТ СОПРУГ !? Неверојатен случај: Открила дека ја изневерува, го чекала дома, а потоа го фатила во “заседа“
Жена од Бразил му го отсекла половиот орган (пенис) на сопругот откако открила дека тој ја изневерува со нејзината малолетна братучедка!
Бразилските медиуми пишуваат за необичен настан што се случил во петокот во Атибаја.
34-годишна жена во раните утрински часови дошла во полициска станица и признала дека му го отсекла пенисот на сопругот. Локалните медиуми јавуваат дека на полицијата таа и рекла дека открила дека сопругот ја изневерил со нејзината 15-годишна братучедка на нејзиниот роденден.
Наводно го чекала сопругот да се врати дома по што се преправала дека сака да води љубов. Таа му ги врзала рацете, а потоа посегнала по жилет и му го отсекла пенисот. Го фотографирала отсечениот орган, по што го фрлила во тоалетот и пуштила вода.
Жената потоа отишла во локалната полициска станица и го признала делото.
„Добро вечер, младо момче, дојдов да се пријавам затоа што штотуку му го отсеков пенисот на мојот сопруг“, изјавила жената во полиција, пренесуваат бразилските медиуми.
Братот на жената, кој живее во близина, на полицијата и рекол дека ги слушнал врисоците на неговиот девер кој повикувал на помош. Жената е обвинета за обид за убиство.