Жена од Бугарија со секира им се заканувала на патниците во метрото во Рим: 32-годишната Бугарка веднаш била совладана

Државјанка на Бугарија (32 г.) денес е уапсена откако со секира им се заканувала на патниците во метрото во Рим, Италија.

Како што пренесуваат италјанските медиуми, осомничената со секира ги оштетила влезните скали на метро станицата „Сан Џовани“. 

Италијанските карабинери биле повикани на местото на настанот и ја уапсиле осомничената, која била разоружана од стражарот.

Жената претходно, држејќи секира, му се заканувала на обезбедувањето.